Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека без правото на вето на секоја членка, нема да има Европска Унија.
Зборувајќи на настан на чешкото здружение „Светополук“ во Братислава, Фицо рече дека чешките и словачките претставници треба да разговараат за ставот за војната во Украина, како и за правото на вето во рамките на Европската Унија.
Според него, секоја земја-членка треба да има право на вето, бидејќи ако тоа не постои, како што рече, нема да има Европска Унија.
Фицо повика на оживување на преговорите меѓу словачката и чешката влада, но и на оживување на идејата за „Вишеградската четворка“ (В4), во која покрај Чешка и Словачка се и Унгарија и Полска.
- Можам да повторам во име на владата, во секое време, на кое било место во Словачка, на која било тема, владата е подготвена да преговара со нашиот партнер, чешката Влада, рече Фицо, истакнувајќи дека има многу теми за кои земјите треба да разговараат.
Тој рече дека групата „Вишеградска четворка“ во моментов е „политички мртва“ и тврди дека форматот бил „намерно прекинат“, пренесе ТАСР.
- Не станува збор за тоа што лидерите не се разбираат меѓусебно. Стануваше збор за постојан концентриран притисок од големите западни земји да ја распаднат В4 како силна регионална асоцијација, рече Фицо.
Ново на Сител
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна
-
Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk