Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
Тоа е спротивно на ставот на Европска Унија која планира до крајот на 2027 година целосно да се ослободи од руските енергенси, како казна за руската инвазија врз Украина. Додека Словачка и Унгарија, земји-членки на ЕУ се обидуваат да одржуваат политички врски со Русија, која ги снабдува со енергенси.
„Сакам отворено да кажам дека сме исклучително заинтересирани за стандардизирање на односите помеѓу Словачка и Русија. Да се вратиме на она што беше нормално, кога станува збор за економска соработка помеѓу земјите“, наведе Фицо.
Турски поток е единствениот гасовод преку кој рускиот гас стигнува до Европа по експлозиите во Северен поток во септември 2022 година и откако Украина го запре транзитот низ нејзината територија на 1 јануари.
Фицо посочи дека Словачка почнала повторно да им издава визи на руските граѓани, кои беа суспендирани по нападот врз Украина. Тој додаде дека земјата е заинтересирана за руски компании кои учествуваат во изградбата на нова нуклеарна централа, проект што неговата влада има намера да го додели на американската компанија „Вестингхаус“.
Путин на средбата наведе дека ја цени независната надворешна политика на Словачка. Фицо повеќепати ја критикуваше поддршката на ЕУ за Украина, како и политиката на изолација за Русија.
МИА
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти
-
Украина започна постапка за забрана на Украинската православна црква поради врски со Москва
-
Сончево и топло до крајот на неделава
-
Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Исчезнат е 52 годишен кумановец
-
Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени
-
Одложена седницата на собраниската комисија на која ќе се расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ
-
Вируси и како да се заштитиме