Loading Video...
Свет
5. September 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Сите западни воени сили распоредени во Украина ке се сметаат за легитмини цели за руската војска. Предупредувањето на рускиот претсдетел Путин дојде по изјавата на францускиот колега Макрон дека на состанокот на Коалицијата на подготвените во Париз, 26 од сојузниците на Украина формално се обврзале да распоредат трупи „по копно, море или воздух“ за да помогнат во обезбедувањето безбедност во моментот кога борбите ќе престанат. Според Путин бесмилесно е да се распоредат западни трупи во Украина ниту сега ниту по постигнување на мировен договор

- Во однос на потенцијалните странски воени контингенти во Украина, тоа е една од основните причини за привлекување на Украина во НАТО. Затоа, ако таму се појават некои војници, особено сега, за време на воени операции, ние тргнуваме од фактот дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување. И ако се донесат одлуки што водат кон мир, кон долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во нивното присуство на територијата на Украина, точка. Доколку се постигнат такви договори, никој нека не се сомнева дека Русија ќе ги спроведе во целост, изјави Владимир Путин, претседател на Русија. 

Коалцијата на подотвените е составена од 35 претежно европски. Макрон не кажа кои земји ги понудија своите војници,  но се знае дека Франција и Велика Британија се меѓу нив.. Претходно Полска, Гемранија, Италија и Романија најавија дека немаат намера да испраќаат трупи во Украина. Зеленски откри дека илјадници западни војници би можеле бидат распоредени во неговата земја. Соединетите држави не се член на Колацијата. Вашингтон се уште не се обврзал на јасна повоена улога.

„По самитот остваривме и телефонски разговор со претседателот Трамп. Заклучокот од овој повик е едноставен - во наредните денови ќе ја финализираме американската поддршка за овие безбедносни гаранции. Како што реков, Соединетите Американски Држави се вклучени во секој чекор од овој процес, изјави Макрон.

Во меѓувреме прес службата на Кремљ потврди дека Путин нема да патува во странство на разговори со Зеленски, но дека е отворен за оддржување состанок во Моксва. Понудата неприфаталива за украинскиот претседател. 

- Средбата е потребна. Ние ја поддржавме средбата во сите формати, трилатерални, билатерални. Мислам дека Русија прави сè што може за да добие време. Американските сојузници ни соопштија дека Путин ме покани во Москва. Ако некој сака средбата да не се одржи, тогаш треба да ме покани во Москва, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. 

Трамп најави дека во наредните денови планира да разговара со Путин.

- Ќе разговарам, да. Водиме многу добар дијалог. Решив седум војни. Но, онаа за која мислев дека можеби ќе биде една од најлесните поради мојот однос со Путин и со Украина, сепак испадна малку потешла. Но, ќе го завршиме тоа, истакна Доналд Трамп, претседател на САД.