Преглед на вестите од светот
Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговараат за војната во Украина, советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Русија никогаш не ја исклучила таквата средба, изјави Ушаков со напомена дека ќе ја гарантира безбедноста на украинскиот претседател. Украина смета дека патувањето на Зеленски во Москва е невозможно од безбедносни причини.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно изјави дека Зеленски е подготвен директно да преговара за чувствителни прашања со Путин како дел од напорите за завршување на војната во Русија.
Најчувствителните прашања ги вклучуваат територијални прашања и нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од Русија. Русија бара територијални отстапки од Украина како услов за прекин на огнот, особено повлекување на украинските сили од регионите Донецк и Луганск.
Централата Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, е окупирана од руски трупи од март 2022 година, кратко по почетокот на војната. За време на викендот, преговарачите од Украина и Русија одржаа директни разговори за прв пат по месеци во Обединетите Арапски Емирати, со посредство на САД. Разговорите треба да продолжат в недела во Абу Даби
Хамас е подготвен што е можно поскоро „целосно да ја префрли“ својата власт над Појасот Газа, портпарол на палестинското исламистичко движење. Тој инсистираше на целосно и непречено отворање на граничниот премин Рафа со Египет. Националниот комитет е преодна технократска администрација формирана откако стапи на сила планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа.
Рафа е единствениот граничен премин што овозможува копнен пристап до Појасот Газа без да се поминува низ Израел. Тој е клучен за луѓе, стоки и хуманитарна помош. Преминот е затворен откако израелските сили го презедоа во мај 2024 година.
Али Шаат, шеф на Советот за безбедност на ОН, во Давос објави дека Рафа ќе биде отворен за сообраќај во двата правци оваа недела, но засега Израел се согласи да го отвори преминот за пешаци само под целосен израелски надзор, без да се обврзе на конкретен датум.
Најмалку пет лица загинаа во зимска бура во Португалија, соопштија официјални лица. Атлантската бура го погоди брегот рано наутро во среда со брзина на ветер до повеќе од 170 километри на час.
Жртвите се од паднато дрво, потоа од метални предмети кои летале од силниот ветер, една жртва е пронајдена во потопен автомобил.
Паднати дрвја, реки што се излеваат од своите корита по обилните дождови и снегот што паѓа на приближно 400 метри надморска височина ги запреа железничките услуги и ги направија патиштата непроодни. Училиштата се затворени, а околу еден милион домаќинства беа без струја. Бурата продолжи да се движи кон Шпанија, каде што властите издадоа предупредувања за високи бранови по должината на брегот и снег дури и на пониски надморски височини.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
