Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО

Некои западни политичари посакуваат конфликт меѓу НАТО и Русија по „неуспешната стратегија за пораз на Москва во војната со Украина“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
Фицо, кој одржува добри односи со Русија и одбива да му пружи воена помош на Киев, смета дека Европа е поблиску од кога било до избувнување на војна од големи размери, произлезена од конфликтот во Украина.
-Се соочуваме со смртна опасност додека гледаме како Западот долева масло на огнот со својата поддршка за Украина. Неуспехот на стратегијата за уништување на Русија преку војната во Украина ги наведе некои западни политичари да веруваат дека, ако целта не може да се постигне со помош на украинската армија и целосна поддршка за неа, тогаш мора да се направи сè за да се предизвика конфликт меѓу НАТО и Русија, истакна Фицо во видео порака на платформата Х.
Тој нагласи дека војната во Украина не е ниту војна на Словачка, ниту на НАТО, но, како што посочи, „одредени поттикнувачи на војна во рамките на НАТО се обидуваат, по секоја цена, да ја претворат оваа војна во конфликт меѓу Русија и НАТО“.
-Лесно е да се создаде повод за започнување војна, оцени Фицо, додавајќи оти Словачка нема да испрати војници во борба врз основа на измислена причина.
Во меѓувреме некои европски политичари ги интензивираа критиките кон Москва, обвинувајќи ја за хибридни напади врз земји членки на НАТО.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Русија ја интензивира својата кампања на хибридни напади против Европа. Тој го наведе обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг во август – за кој германската влада заклучи дека бил оркестриран од Москва.
Полскиот премиер Доналд Туск, пак, повикувајќи се на неименувани разузнавачки служби, изјави ека дека Русија планира да изврши хибридни напади со употреба на дронови и ракети врз земјите што ја поддржуваат Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
