ФИФА отвори дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори денеска дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради физички напад на шпански играчи непосредно по завршувањето на финалниот натпревар на неодамнешното Светското првенство.
Аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Леандро Паредес се соочува со три обвиненија за физички напад по финалниот натпревар и поразот од Шпанија во продолженијата со 1-0 во Њу Џерси.
Покрај Паредес, дисциплинска постапка се води и против дефанзивецот Нахуел Молина, како и против помошникот селектор Роберто Ајала.
Молина и напаѓачот Тијаго Алмада се обвинети и за неспортско однесување, додека истата постапка е поведена и против шпанскиот фудбалер Гави.
Паралелно со ова, поведена е дисциплинска постапка и против Фудбалската асоцијација на Аргентина, поради инцидентот по полуфиналето против Англија, кога аргентинските фудбалери позираа на теренот со транспарент на кој пишување „Фолкландските острови се аргентински“
МИА
Ново на Сител
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
