-->
-->
ФИФА продолжува со казните - олеснета касата на ФС Црна Гора
-->

Дисциплинската комисија на ФИФА одреди нова казна – парично е казнет фудбалскиот сојуз на Црна Гора со 46.500 швајцарски франци поради инцидентот на навивачите на дуелот со Хрватска од квалификациите за Светското првенство 2026.
Натпреварот беше одигран на 17.ноември во Подгорица, а Хрватска победи со 3:2, иако домаќинот водеше со 2:0.
Во соопштението се наведува дека 1.500 франци е казна за фрлање предмети на теренот, додека 25.000 франци за пиротехнички средства. Во казната има и 20.000 франци условна казна и нема да биде активирана во следните шест месеци бидејќи ФСЦГ е дел од проект за борба против дискриминација.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
