МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
Случајот на Филозофскиот факултет каде се запишувале студенти на мастер и докторски студии без претходно соодветно образование според министерката за образование е комплициран. Таа посочи дека не е надлежна да каже дали некој од кадарот ќе сноси одговорност туку тоа треба да го направат истражните органи.
-За тоа постојат други институции во земјата. Се надевам дека таа процедура ќе си тече така како што треба. Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа, другите институции ќе си го кажат зборот и како ќе утврдат тие, така и ќе биде. Сè уште го чека извештајот, но доколку се поништи уписот, следува и поништување на дипломите, рече проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
До овој момент, од обвинителството велат дека нема покренато постапка. Вчера Државниот просветен инспекторат информираше дека 11 студенти кои биле запишани на втор и трет циклус студии не ги исполнувале условите, односно немале завршено акадамски, туку стручни студии што не е дозволено согласно закон, правилници, конкурс и студиски програми, соопштија од ДПИ.
Инспекторатот да направи надзор за ваквите уписи побарал деканот лани во декември. Тој рече дека на сите кои им се прекинати студиите, ќе им бидат вратени парите кои ги платиле за досегашното студирање.
Првиот студент на ваков начин на постдипломски на Филозофски бил запишан во 2019 –та, а досега магистрирале осуммина.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
