Македонија
29. November 2026 - 16:27

Конгрес на ЛДП за избор на лидер

Моника Зајкова е реизбрана за претседателка на ЛДП. И во својот втор четиригодишен мандат, Зајкова вели дека ќе работи на решавање на проблемите на граѓаните, со фокус на задржување на младите во државата.

ЛДП и натаму ќе инсистира на оведување електронски нараквици за насилниците. Зајкова од денешниот конгрес повторно праша – уште колку жртви на семејно нсилство се потребни за институции да реагираат пред трагедијата.

На годишниот конрес на ЛДП присуствуваа голем број гости европратеници и лидери на европски либерални партии, а преку видеообраќање порака испрати и словенечката европратеничка Ирена Јовева, силен поддржувач на македонската европска интеграција.

Покрај претседател, ЛДП на денешниот конгрес избра и потпретседател, Генерален секретар, членови на Централен и Надзорен одбор.