Македонија
29. November 2026 - 16:27

Снегот предизвика проблеми на патиштата и прекин во снабдувањето со електрична енергија

Снегот донесе проблеми во сообраќајот но и проблеми во снадбувањето со електрична енергија. Без струја се повеќе населени места. На повеќе планински превои се воведени забрани за тешки товарни возила а регистрирани се и сообраќајни незгоди. Утрово поради излизгување на товарно возило лак селото Скачковце во прекин е едната коловозна лента на регионалниот пат  куманово свети николе.

Највисока снежна покривка утрово е измерена во Маврово и Крушево, речиси 30 сантиметри. Забрани за движење на тешки товарни возила се воведени на Стража, Ѓавато, на патот Маврово- Дебар и кон граничниот премин Деве Баир.

На Стража синоќа интервенирале и пожарникари, откако автомобил излетал од коловозот и се превртел. Според првичните информации возилото било со летни гуми.

Превентивно на улиците се интервенираше и во главниот град. Зимската служба на Скопје почна со третирање на коловозите уште вчера попладне, особено на Водно и во повисоките делови на градот. Најавеното заладување носи опасност од замрзнување на коловозите и појава на голомразица, што ќе бара дополнителна внимателност од возачите.