Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција ја обвини власта дека не презема ништо против поскапувањето на цените поради војната на Блискиот Исток, и предложи намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната.
-Прво предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти при промет на сите енергенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен газ и метан. Понатаму, намалување на акцизата за 4 денари, и тоа е нешто што директно ќе ја намали цената на еден литар на горивата по бензинските станции, и дополнително на сè, сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на храната, рече Филипче.
Според него, власта не презема ништо во однос на кризата што се случува веќе повеќе денови на Блискиот Исток, а денеска, посочи тој, сме соочени и со раст на цените на горивата поради случувањата со војната во Иран.
-Во континуитет еден месец расте цената на светските берзи на нафтата и таа е порасата за 60 проценти. Досега требаше да има вонредна седница на Владата за да се спреми системот за да се донесат мерки за вакви ценовни шокови граѓаните да не почувствуваат, рече Филипче.
Според него, се што било направено било само вештачко намалување на трошоците на живот.
-Само што се прави некаква ревизија на кошничката, не била синдикална туку владина, според владината луѓето не требало да јадат леб и млеко, туку треба да јадат помалку. Ќе поскапе струјата, ќе поскапат основните прехранбени продукти и тоа ќе биде еден ланец на настани кои што ќе следат после поскапувањето на горивата. Имајќи предвид дека Владата ништо не прави, сметам дека треба да предложиме нешто, да го земат предвид и да го направат за доброто на граѓаните. Затоа предлагаме намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната, заклучи претседателот на СДСМ.
МИА
Ново на Сител
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
-

Приведен лажен лекар од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за 300.000 денари
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
-

Облачно со повремен дожд во наредните два дена, од вторник сончево и тивко
