Македонија
30. јуни 2025 - 17:49

Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет

Филипче ја повика власта заедно да поддржат неутрален став за македонскиот јазик и идентитет. Вели дека средбите во Берлин, ги искористил за да лобира против придавката „современ“, но смета дека во извештајот не треба да стои ниту придавката „вековен“. Постоењето на посебен македонски јазик и идентитет како што вели, досега се утврдени со повеќе меѓународни договори.

„Сите констатираат една работа – дека таквите додавки на македонскиот јазик доаѓаат како резултат на провокациите што доаѓаат од нашата Влада. Тоа е сериозно влошување на нашата положба во ЕУ“. Сакам да упатам уште една директна порака,апелирам до ВМРО-ДПМНЕ заеднички да лобираме тоа да не се случи, да нема таков амандман во ЕП, туку да помине неутралната дефиниција македонски јазик, без никакви додавки. Затоа што тоа е и заслуга на политиките на нашата Влада изминативе седум години- јасен, чист македонски јазик, потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ, вели Филипче

Но Филипче смета дека ова не е најголемиот проблем кој произлегува од Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот Вајц. Вели дека повеќе загрижува што ова е историски најслаб извештај на ЕУ кој потврдува дека заложбите за членство во Унијата на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни. Според опозицискиот лидер, и во извештајот стои дека Македонија е во геополитичка изолација и опасна економска зависност од други држави.   

-Поради неспособноста на Владата предводена од ВМРО‑ДПМНЕ да ги исполни роковите од реформската агенда, 43 милиони евра пари од Планот за раст наменети за реформи останаа неискористени. Ова го говорат сите факти во однос на реформите, за кои не се задолжени ниту Бугарија ниту Грциja, туку самата Владата. Ова го гледаме во извештајот на ЕУ кој јасно ги детектира сите проблеми кои ги создава Владата а СДСМ цела година ги посочува и укажува за тие проблеми во јавноста. Степенот на реализиција на  на реформската агенда покажува дека, заради неспособноста на Владата, повеќе од 43 милиони евра се практично неискористени. Истовремено, Владата не го оправдува, ниту го става во функција авансот од 52 милиони евра од Планот за раст на ЕУ“, подвлече Филипче.

Во следните 10 дена извешатјот за напредкот на Македонија на известувачот Вајц ќе се најде пред европратениците на конечно усвојување на пленарна седница.

Бугарските европратеници највија дека повтроно ќе ги поднесат истите аманмдани за „модерен“ македонски јазик и идентитет, кои претходно беа одбиени при гласањето во  рамки на Комитетот за надворешни работи на ЕП.