Филипче: Мицкоски има обврски да информира за ЕУ во Собранието
Мицкоски има обврска да го презентира планот како да се продолжат евроинтеграциите во Собранието, смета лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Ставот доаѓа откако премиерот завчера најави писмо до европските институции за откочување на македонската интеграција, но и откако токму Филипче минатата недела повика власта и опозицијата да разменат информации за односите со Бугарија и Брисел на затворена собраниска седница. Повикот за седница, се уште стои, вели Филиче, иако засега пратеничката група на СДСМ формално не поднела барање во парламентот за тоа.
Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко право ниту етичко, туку напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави дека наводно има некаква поддршка да се донесат некакви уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека воопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за тоа. Тие конфузни изјави во Владата што оставаат впечаток дека владее бесперспективност, мора да се расчистат во Собранието... Прво упативме повик преку медиумите. Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат одговорите од премиерот и од Владата. Ќе го искористиме секој механизам, вклучувајќи ги и формалните механизми за свикување на седница во Собранието во следниот период
Од владата пак, децидни дека ќе споделат се тогаш кога ќе има конкретни информации.
„Не станува збор за нешто што ќе се држи во тајност. Посветеноста на Владата во однос на евроинтеграциските процеси секогаш е отворена пред граѓаните со јасно изразени услови. Кога ќе се создадат услови, јавноста ќе биде информирана,“
Писмото до Брисел кое го најави премиерот Мицкоски се уште е без содржина и се прават консултации што да биде вклучено во него.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
