Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
Филиче разбира зошто граѓаните се загрижени за бланко прифаќање на уставните измени по барање на Бугарија, но вели дека тоа се услови и на Европската Унија, а таа е дел од стратешките и национални интереси. Лидерот на СДСМ и понтаму инсистра на собраниска резолуција за да се одредат, како што вели, идните чекори во процесот на евроинтеграцијата.
„Не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови. Сметам дека доколку ВМРО–ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозен пристап кон темата а не гледам причина да немаат тогаш сметам дека ќе најдеме решение“… „Јас ја разбирам грижата на граѓаните, а тоа меѓу другото, тие на некој начин и го изразија за време на минатогодишните избори кога во тој контекст така гласаа кога станува збор за СДСМ наспроти ВМРО–ДПМНЕ и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја оставиме на страна. Исто така сметам дека во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интереси, ниту е направено некакво предавство“.
Филипче вели дека документот се изработува и дека ќе биде готово до крајаот на неделата, а потоа ќе биде претставен на јавноста, експертите и партиите.
Лидерот на СДСМ ја отвори темата за ЕУ процесот минатата недела коментирајќи дека е потребна резолуција за македонски црвени линии, но долку добиеме ново вето од Бугарија тогаш да ги напуштиме и преговорите со Унијата.
Мицкоски пак, уште веднаш ја одби идејата на Филипче коментирајки дека станува збор за итроштина бидејки и во минатотот имало собраниски докуменети од СДСМ и ДУИ за црвени линии, но никогаш не биле испочитувани. Сепак, откако лидерот на опозицијата остана на ставот да поднесе Резолуција, премиерот вчера најави дека ќе го чека документот на Филипче за да види што ново нуди, но и за да можат во него да интервенираат пратениците на ВРМО-ДПМНЕ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар