Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет. Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг.
- Од досега пристигнатите резултати од локалните избори СДСМ во првиот круг победи во три општини - Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Од преброените близу 70 отсто од гласовите водиме во уште девет општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Ранковце и таму ќе има втор изборен круг. И дополнително уште неколку општини каде што сме на второ место - Неготино, Виница, Демир Капија, Зрновци... рече Филипче.
Лидерот на СДСМ апелираше до граѓаните за помасовна излезност во вториот круг, бидејќи, како што рече, важно е избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани.
- Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, но имајќи ги предвид околностите во некои општини имаме зголемување на бројот на гласови, кога ќе ги споредиме со минатата година и тоа е доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци во партијата, порача тој.
Во однос на Град Скопје, истакна дека се уште ги чекаат резултатите, кои доаѓаат поспоро бидејќи доаѓаат од сите скопски општини.
На новинарско прашање за досегашните резултати од Град Скопје, со оглед дека според досегашното броење Левица е пред Каја Шукова, и дали смета дека тоа ќе биде голем удар за СДСМ, рече дека ќе ги почекаат точните бројки за Скопје, за да искоментираат точно и прецизно.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
