Почина познатиот актер Гоце Тодоровски

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст.
Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми.
-Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите.... - објави неговата ќерка.
Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Подоцна бил гостин и во други театарски куќи, беше дел од бројни театарски престави, телевизиски серии, филмови, хумористични радио емисии.
Тој соработувал со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Димитрие Османли..., а играше и во познатите телевизиски серии „Македонски народни приказни", „Итар Пејо", „Булки кај шините", „Ајде да се дружиме", „Трето доба", „Хихирику“, „Во светот на бајките", „Бушава азбука", „Солунски патридии", "Трст виа Скопје", "Чук, чук Стојанче"...
Глумеше во филмовите „Шеќерна приказна", „Учителот“, „Црвени“, „Тетовирани души“, „Среќна Нова '49", „Викенд на мртовци", „Бол“, „Женски оркестар"...Играше и во голем број театарски улоги.
Тодоровски е добитник е на бројни награди, а минатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
