Македонија
7. July 2025 - 16:32

Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата

Доколку покажат резултати истражителите во јавното обвинителство ќе добијат повисоки плати, најави министерот за правда. Филков смета дека средствата се хроничен проблем во правосудството но засега вели сосема доволно е зголемувањето на коефициентите на платите. Во отчетот за сработеното министерот порача дека е особено горд на предлог законот за Судски совет и ги повика пратениците да ја препознаат итноста од носење на овој закон. 

Министерот за правда рече дека за една година успеале да подготват и достават до влада 22 системски закони од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Во отчетот за сработеното Филков како посебно важно го истакна и враќањето на комората за вештаци, укинувањето на одлуката за 10-кратното зголемување на тарифата за нотари, обезбедување надомест за жртвите на кривичните дела насилство, електронските алки за лицата во куќен притвор.

Оваа недела министерот најави дека ќе оствари средба со собранискиот спикер во врска со предлозите, Собранието да има посебна полиција или обезбедување.