Фудбал
22. March 2022 - 17:05

Финални подготовки на македонските младинци во Белград за мечот против Србија

Во четврток свој настап ќе има и младата фудбалска селекција на Македонија до 21-на година 
 
Предводени од селекторот Драган Канатларовски, младите македонски фудбалери се во Белград, каде ги финализираат подготовките за мечот против српските врсници. 
 
Дуелот меѓу Србија и Македонија е во рамките од Х групата во квалификациите за Европско првенство што следната година ќе се одржува во Романија и Грузија.
 
Во првиот меѓусебен дуел одигран во Охрид, двете селекции не успеаја да постигнат гол, па средбата заврши 0-0. 
 
Македонија овој дуел го пречекува како трето рангирана со 6 бодови по шест одиграни натпревари, додека нашиот противник Србија е пето пласиран со пет осбиени бодови. 
 
Убедливо први се Французите кои собраа 16 бодови, три повеќе од Украина која предвидениот меч за оваа рунда со Ерменија нема да го одигра поради актуелната состојба во Украина.
 
Токму затоа дуелот меѓу Србија и Македонија што ќе се игра на стадионот на ФК Вождовац во четврток со почеток од 17 часот, е од голенма важност за двете селекции.