Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

Финска деветта година по ред е прогласена за држава со најсреќно население во светот, покажува денеска објавениот Извештај за светската среќа.
Нордиските земји повторно доминираат на врвот на листата, при што Исланд, Данска и Шведска се меѓу првите пет. Костарика е единствената земја што не е нордиска, а е меѓу првите пет поточно рангирана на четвртото место.
Во првите десет се и Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија. Германија напредуваше од 22 на 17 место, додека Aвстрија падна на 19-то место. САД во споредба од лани се место погоре на листата, одкачувајќи се од 24 на 23-то место.
Листата опфаќа 147 земји, при што на последно место е рангиран Авганистан.
Извештајот го изготвува интердисциплинарна екипа предводена од експерти на Центарот за истражување благосостојби на Оксфордскиот универзитет. Во него се оценуваат животното задоволство и квалитетот на живот врз основа на повеќе фактори како економија, здравје, слобода, дарежливост и перцепција за корупција.
МИА
Ново на Сител
-

„Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти“ - Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум
-

Димитриески: Функциите за нас не се најважни - Важна е работата што треба да се заврши
-

Кривичниот суд се соочува со кадровски дефицит - фалат судии, поротници, административци и помошен персонал
-

Специјалци на терен, претреси на околу 30 локации: Во тек голема акција на МВР
-

Верверичките ѝ помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
-

„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии
-

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија
-

За „Пулс“ досега изведени 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица - не е одложено ниту едно рочиште
