Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

Финска деветта година по ред е прогласена за држава со најсреќно население во светот, покажува денеска објавениот Извештај за светската среќа.
Нордиските земји повторно доминираат на врвот на листата, при што Исланд, Данска и Шведска се меѓу првите пет. Костарика е единствената земја што не е нордиска, а е меѓу првите пет поточно рангирана на четвртото место.
Во првите десет се и Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија. Германија напредуваше од 22 на 17 место, додека Aвстрија падна на 19-то место. САД во споредба од лани се место погоре на листата, одкачувајќи се од 24 на 23-то место.
Листата опфаќа 147 земји, при што на последно место е рангиран Авганистан.
Извештајот го изготвува интердисциплинарна екипа предводена од експерти на Центарот за истражување благосостојби на Оксфордскиот универзитет. Во него се оценуваат животното задоволство и квалитетот на живот врз основа на повеќе фактори како економија, здравје, слобода, дарежливост и перцепција за корупција.
МИА
Ново на Сител
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
-

Израел тврди дека го убиле Али Лариџани, иранскиот шеф за безбедност и „водач од сенка“
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
