Loading Video...
Фудбал
20. May 2021 - 20:11
ФК Силекс повторно во Европа
Екипата на Силекс по трет пат триумфираше во националниот фудбалски куп откако по изведувањето на пеналите го совлада тимот на А. Пандев со 4-3. Кратовци емотивно успехот му го посветија на творецот на овој клуб гордост на Кратово но и македонскито фудбал , Љубисав Иванов Ѕинго.
Силекс и А. Пандев одиграа тврд натпревар без многу шанси и по регуларните 90 минути и дополнителните 30 немаше голови па победникот го решаваше пенал серијата.
Двете екипи делуваа ефикасно при ударите од белата точка но во четвртата серија Јовановски го одбрани ударот на Ѓорѓиев. Веднаш следуваше и одбрана на Божиновски на ударот на Димовски. Следуваше погодокот на Карчески по што Велиновски го префрли голот што беше знак за славје во редовите на Силекс кој по пауза од 24 години го освои третиот трофеј во куп натпреварувањето.
Со овој успех Силекс како и минатата година обезбеди настап на европската сцена и ќе го претставува македонскиот фудбал во Лига Европа.
ФОТО ГОЛ.МК
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->