Loading Video...
Фудбал
25. јуни 2020 - 19:47
ФК Вардар по вторпат без УЕФА лиценца
ФФМ денеска и официјално ја соопшти листата на клубовите кои добија лиценци за настап во европските купови. На листата го нема лидерот на табелата ФК Вардар кој не успеа до предвидените рокови да го исполни финансискиот критериум. Покрај црвено-црните уште три прволигашки екипи останаа без лиценци.
Според објавата на сајтот на ФФМ со лиценци по заседавањето на лиценцната комисија и комисијата за жалби се здобија следните клубови.
Прва МФЛ- лиценцирани клубови:
1. ФК Академија Пандев АД - Струмица
2. ФК Македонија ЃП 1932 АД - Скопје
3. ФК Работнички АД – Скопје
4. ФК Ренова АД - с.Џепчиште
5. ФК Силекс АД - Кратово
6. ФК Шкендија АД - Тетово
7. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
Комисијата одлучи четири екипи да останат без лиценци за настап во натпреварувањата на УЕФА. Тоа се
1. ФК Брегалница 2008 АД - Штип
2. ФК Борец 1919 АД - Велес
3. ФК Вардар АД - Скопје
4. ФК Струга Трим Лум АД – Струга
Да потсетиме дека Вардар одигра одлична сезона и се најде на лидерското место со голема бодовна предност пред Силекс и Шкендија. Но без исполнување на потребните услови за лиценца црвено-црните втора сезона по ред остануваат без европски настапи.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->