Флечер: Ќе бидам тренер на Манчестер јунајтед против Брајтон, а потоа ќе видиме

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, ги сподели своите мисли за неговата нова работа по синоќешното реми 2:2 со Барнли во 21. коло од англиската Премиер лига Лига.
- Фантастично искуство е. Разочаран сум што не победивме и не можам да го сокријам тоа, но во однос на управувањето со тимот, подготовките, навивачите, поддршката - беше задоволство, беше чест. Што е следно? Разговарав со одборот и ќе бидам менаџер против Брајтон, а потоа ќе видиме. Натпревар по натпревар, изјави Флечер за „Би-би-си“.
Во понеделникот на 5 јануари, Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим од функцијата главен тренер.
Манчестер јунајтед освои 32 бода и се наоѓа на 7. место на табелата во Премиер лигата.
Натпреварот од 1/32 финалето на ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон ќе се одржи в недела (11 јануари).
МИА
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
