Фон дер Лајен ги повика унгарските власти да ја повлечат забраната за Парадата на гордоста
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера ги повика унгарските власти да ја преиспитаат забраната за парадата на гордоста најавена за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на нејзините учесници.
„Парадата на гордоста“ во унгарската престолнина мора „да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Фон дер Лајен на X.
„Им кажувам на ЛГБТИК+ заедницата во Унгарија и насекаде на друго место дека секогаш ќе бидам нивен сојузник“, додаде таа.
Во Будимпешта, од една страна, полицијата ја забрани парадата на гордоста, додека градоначалникот Гергели Карачони, противник на десничарскиот владин претседател Виктор Орбан, одлучи да го одржи собирот.
Министерот за правда Бенс Тусон испрати писмо до амбасадорите на другите земји од ЕУ во кое наведе дека ниту тие ниту нивните соработници не треба да учествуваат во поворката.
„Правната ситуација е јасна, на Парадата на гордоста е забрането собирање“, напиша тој во писмо во кое увид имале француските медиуми.
И покрај забраната, бројни европратеници објавија дека имаат намера да дојдат во Будимпешта и да учествуваат во поворката во сабота.
Организаторите на парадата предвидуваат рекорден број учесници, и покрај тоа што го велат Орбан и членовите на неговата влада.
Премиерот им советуваше на организаторите „да не се мачат со подготовка на поворката оваа година“.
„Тоа е губење пари и време“, рече тој пред да гласа за законските измени насочени кон забрана на Прајдот во име на „заштита на децата“.
Забраната беше официјално објавена на 19 јуни, но либералниот градоначалник на Будимпешта вети дека митингот ќе се одржи, тврдејќи дека станува збор за локален настан за кој не е потребна дозвола од властите.
Властите, од друга страна, побараа поворката да се одржи на затворено место, како што е стадион или хиподром, подалеку од погледот на малолетници.
Ново на Сител
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција