Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Тоа што рускиот претседател Владимир Путин не се појави на преговорите во Турција за прекин на огнот во Украина, покажува во што тој навистина верува и дека не сака мир, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.
- Во текот на последните денови можевме да бидеме сведоци на вистинското уверување на претседателот Путин. Тој прво повика на прекин на огнот околу годишнината од 9 мај, кој никогаш не го почитуваше. Потоа Украина, со поддршка на Европската Унија и САД, повика на целосен и безусловен прекин на огнот во период од 30 дена, што претседателот Путин го одби и конечно тој понуди директна средба меѓу Украина и Русија во Турција. Претседателот Зеленски беше подготвен да се сретне со претседателот Путин, но тој не се појави. Ова го покажува вистинското верување на претседателот Путин дека не сака мир, рече Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека затоа мора да се засили притисокот врз Москва и дека ЕУ веќе работи на усвојување на нов пакет санкции кон Русија, со кои ќе бидат опфатени гасоводот „Северен поток 1“, ќе има ограничувања за т.н. „флота во сенка“ и на разликата во цената на нафтата, како и мерки поврзани со рускиот финансиски сектор.
- Ние сакаме мир и затоа мора да го зголемиме притисокот врз претседателот Путин се додека не биде подготвен за мир, додаде Фон дер Лакен.
Таа потсети дека и Европската политичка заедница беше основана по почетокот на руската агресија врз Украина, токму со цел да го обликува европскиот одговор на војната и да се осигура стабилност на европскиот континент.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
