Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
Милионски суми за лекување во странство но без контрола на Фондот за здравствено осигурување колку пари се потрошени и дали пациентот е излекуван. Ревизорскиот извештај за работењто на оваа институција за 2023 година открива дека германска болница поднела дури 12 тужбени барања и бара од Фондот над 413 илјади евра за третман на 12 пациенти. За осум од нив адвокатски тимови ги надминале побарувањата а за останатите чекаат промена на надлежноста на судот. Пред две години од фондовската каса биле дадени 5 милиони евра за медицински третман во други држави, но не се знае за нивниот исход.
- Фондот освен сметководствена евиденција за тие што ќе дојдат кај нас за дополнителни авиоснки карти, се јавуваат на клиниката и кај лекарот што ги пратил на лекување во странство и Фондот не бил воопшто известен за тоа до каде е третманот и дали треба нешто дополнително. – Значи фондот дава пари но не следи каде тие одат? – Да, вели Бранко Аџигогов, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Имало случаи каде иако Фондот платил за одредена интервенција на пациент во избрана болница, таа воопшто да не биде извршена таму. За да нема нови тужби и одлив на пари, веќе неколку месеци функционира работна група од доктори кои од пациенти што биле на лекување во странство имаат листа каква документација треба да им достават. До крајот на годината, пак, најавуваат и електронско следење.
- Воведување во електронскиот систем водење на персонализирани досиеја за пациенти кои се за лекување во странство. Значи комплетно да биде електронско одобрувањето, да следиме колку се фактурите, до каде е плаќањето и до каде е лекувањето, вели Аџигогов.
Од Фондот во мај доставиле допис до сите странски болници каде во последните 5 години имале соработка, да им достават извештај дали имаат некакви побарувања.
Освен за лекувањето во странство, ревизорите укажуваат и на отсуство на интегриран систем и слабости во контролите на Фондот.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар