Формула 1 доби писмо со критики за Големата награда на Африка

Формула 1 доби писмо во кое се изразува незадоволство од страна на Демократска Република Конго.
– Руанда моментално зазема големи области на источна Демократска Република Конго, што предизвика раселување на повеќе од 700.000 Конгоанци. Иако идејата за одржување на Гран при во Африка е добредојдена, авторот е скептичен дека Руанда би била соодветен претставник на континентот. Тој повикува на напуштање на преговорите и исклучување на Руанда од листата на можни организатори.
Дали Формула 1 навистина сака нејзината репутација да биде поврзана со крвопролевањето предизвикано од Руанда? Дали оваа држава навистина е најдобриот претставник на Африка во светскиот мотоспорт, стои во писмото објавено од „Racingnews365“.
Минатата година, на церемонијата на доделување на наградите на ФИА во Кигали, претседателот на Руанда Пол Кагаме објави дека земјата официјално ја доставила својата кандидатура за домаќин на Гран при во Формула 1.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
