Македонија
21. May 2025 - 16:39

Форум: Мали држави - Големо влијание

Дали малите држави може да имаат големо влијание? Поранешните и актуелните претседатели ги судрија ставовите на тркалезната маса во Вила Водно. Македонија е мала држава, но големото влијание се уште го нема. Во момент кога се водат војни на повеќе фронтови, меѓу кои и на европскиот, претседателката Сиљановска Давкова ја истакнува културната дипломатија како најмоќно оружје за справување со глобалните предизвици. 

Тешко е риби да пливаат во океанот, бидејќи таму се ајкулите. Но, тоа е возможно ако се јато риби. Метафорички пристап на екс претседателот Иванов за значењето на малите држави во споредба со големите сили. Осврнувајќи се на ветото кое Македонија го добивала низ годините за патот на ЕУ од големите сили, ја истакна моќта на заедничката соработка на малите држави за регионалните иницијативи.

Ѓорге Иванов, екс претседател на Македонија „Ви доаѓа стариот циник кој ви вели: Народи кои не знаат да прават интриги, пејат тажни песни. Време е да почнеме да правиме интриги, метафорично но за да го направиме тоа треба да се совлада уште една ментална замка дека сме немоќни. Затоа регионалниот пристап е од суштинско значење за да се направи која и да е промена“

Поранешниот чешки претседател Клаус на тркалезната маса настапи со доза песимизам дека културната дипломатија може да донесе промени. Кажа дека не се согласува со насловот на форумот, дека малите држави може да имаат големо влијание. 

„Не сум сигурен, дека како што вели насловот што имплицира на денешната сесија дека малите држави може да имаат голем импакт. Жал ми е да кажам дека не се согласувам со тоа. Во културата. Не, не. - Вистинскиот предуслов за склучување на договор меѓу мала и голема држава е заедничкиот интерес. Ова е почетокот на дебатата. Без такви коинциденции не може да има договор, колач или пакт“

Екс претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации со порака пак дека малите земји може да се чувствуваат комфорно само во Генералното собрание на ОН.

Тркалезната маса во Вила Водно е дел оф Форумот за културна дипломатија под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов.