„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
Од 1 август пациентите со астма и ХОББ ќе го земаат лекот фостер во аптека само со партиципација од 280 денари. Од први јануари пак, ксарелто против згрутчување на крвта ќе биде 160 денари во аптека. Ова денеска го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување – Поголем избор на брендови од иста генерика може да донесе пониски цени за пациентите.
- Овие околу 50 милиони денари само со ова намалување кај фостерот, ние нема да ги употребуваме за купувањ ена автомобили туку до нова година да воведеме лек од најнова генерација за астма и ХОББ, изјави Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
И покрај проширувањето на позитивната листа со антикоагулантни лекови, пациенти доставиле претставки за 2 аптеки во Скопје и 5 во Битола кои не им ја давале терапијата на рецепт туку ја нуделе приватно. Од Фондот вчера почнале со засилени контроли за да утврдат кој не работи согласно договорите.
-Ние имаме во договорите со аптеките предвидено казни за недостапност на лекови од позитивната листа. Сите аптеки се должни согласно договорот со Фондот мора да имаат лекови од позитивната, вели Клековски.
Поради финансиски товар дел од помали аптеки немаат скапи лекови, но треба да знаат каде може пациентот да го најде на рецепт.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
