Франција доби нова влада, Лекорну ветува дека ќе избегне политичка криза

Француското претседателство денеска го откри составот на новото владино тело, предводено од премиерот Себастијан Лекорну, во кое има и познати и нови лица.
Како што пренесува Франс24, целта на формирањето е да се избегне продлабочување на политичката криза во земјата.
Во новиот состав, Жан-Ноел Баро останува министер за надворешни работи, додека функцијата министер за вооружени сили ја добива досегашната министерка за труд Катрин Вотрен.
Премиерот Лекорну изјави дека владата е составена „за да ѝ се обезбеди буџет на Франција пред крајот на годината“.
„Единственото нешто што е важно е интересот на земјата“, истакна тој на социјалната мрежа „Икс“, заблагодарувајќи им се на министрите, „кои учествуваат во ова владино тело потполно слободно, без оглед на лични и партиски интереси“.
МИА
Ново на Сител
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
