Loading Video...
Свет
13. December 2025 - 16:33

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ

Ако Бугарија прави проблем на Македонија на патот за членство во Европската Унија, Франција за “закочи” Црна Гора. Според дипломатски извори од Брисел, на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки (COREPER II) француските претставници го блокирале затворањето на Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој и Поглавје 13 – Рибарство, и покрај тоа што претходно француското Министерство за земјоделство дало зелено светло во стручните работни групи, но сегашниот став бил дека аграрната политика и рибарството не биле усогласени со европските регулативи.

Поради ова, наместо очекуваните пет, Црна Гора на меѓувладината конференција во вторник ќе затвори три поглавја: Право на основање и слобода на давање услуги (3), Слободно движење на капитал (4) и Право на трговски друштва (6) поглавје. 

Во меѓувреме дипломатски извори додаваат дека постојаните претставници на земјите-членки ќе се состанат повторно викендот, што може да претставува дополнителна можност да се разгледа затворањето на уште неколку поглавја пред меѓувладината конференција закажана за 16-ти идната недела, но според познавачите шансите во корист на официјална Подгорица се многу мали.

Иако француската одлука не е официјална уште вчера на состанокот на парламентарниот одбор за европска интеграција високи политички претставници на Црна гора најавија вакво сценарио.

И покрај блокадата Црна Гора останува најнапредниот кандидат од Западен Балкан за членство вбо ЕУ, веќе ги има отворено сите 33 преговарачки поглавја и има привремено затворено седум.

Црна Гора официјално ги започна преговорите за членство во Европската Унија на 29 јуни 2012 година, откако доби статус на кандидат во 2010 година.