Франција воведе право за асистирано умирање

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата.
Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро.
Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува на одредени пациенти, под строго дефинирани услови, да си администрираат смртоносна супстанца во присуство на здравствен работник.
Доколку пациентот не е во можност сам да го изврши дејствието поради неговата физичка состојба, здравствен работник може да го стори тоа наместо него.
Правото е наменето за возрасни лица кои се француски државјани или долгорочни жители на Франција и кои страдаат од „тешка и неизлечива“ болест во терминална фаза.
МИА
Ново на Сител
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
