Македонија
16. August 2026 - 16:37

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени

Охридские пчелари се соочуваат со големи загуби и намалени приноси на мед поради климатските промени. Приносите се преполовени а има и пчелари кои за жал не извадиле ниту еден килограм мед па дел од нив ги продаваат заостанатите залихи.

Останува проблемот и со нелојлната  кокуренција ,на пазарите и маркетите се продава фалсификувам мед кој многу тешко е да се препознае со голо око. Од Здружението на пчелари од Охрид апелираат до купувачите да бидат внимателни, да купуваат само од декларирани пчелни стопанства.

Маријан Стојаноски кој 10 години се  занимава со оваа дејност која ја наследил најнапред од својот дедо па татко  располага со околу 850 пчелни семејства вели дека предизвиците се големи а производството го пласираат во земјава.

Добрите познавачи сметаат дека  потребни се засилени контроли и казни за оние кои манипулираат со купувачите.

Инаку деновиве во Охрид се одржува саемот на мед  каде пoсетителите имаат можност да го запознаат директно пчеларот кој стои зад медот кој го купуваат ,да дегустираат но и да дознаат повеќе за пчеларството.