Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство.
Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага.
Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција.
Француските власти укажуваат дека во последните години е зголемено количеството на запленета дрога, особено од пратки што преку Шпанија пристигнуваат од јужноамериканските наркокартели. Често се користат транспортни компании кои наркотиците ги кријат меѓу легални стоки.
МИА
Ново на Сител
-
Опрема современа има но нема медициски кадар
-
Годинава џиновската пастрмајлија со рекордна големина
-
Во Прилеп одбележани 83 години од Дабничкиот масакр
-
Преглед на вестите од светот
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка