Македонија
19. September 2025 - 12:34

Годинава џиновската пастрмајлија со рекордна големина

Џиновската пастрмајлија годинава со рекордна големина. Традиционално секоја година се подготвува оваа кулинарска мајсторија, со чие сечење и делење на посетителите и официјално започнува манифестацијата „Штипска пастрмалијада“.

-За оваа година подготвивме 17 килограми свинско свежо месо, значи рекорд. Лани беше околу 15-16 килограми, а годинава 17, значи ќе биде досега најголема количина на месо што ќе ставиме во пастрмалијата/ Ќе има околу 25 до 30 килограми трсто и 2 до 3 литри зејтин, изјави Николче Малинов, пекар.

 Освен мастраф, соодветна опрема, потребни се и вешти раце, но и време за да се подготви и испече.

-Ние сме опремени со опема и машини, така што заедно со печењето ќе ни бидат потребни од 2 до 2 и пол часа за да биде подготвена џиновската пастрмлајлија. Ќе имаме 4 до 5 луѓе опремени со знаење за да помогнат, а толку ќе ни бидат и да ја изнесеме и однесеме до бината, доаде Малинов.

Штипската пастрмлијада официјално стартува од денес на главната улица, поточно, шеталиштето Ванчо Прќе, на кои се поставени штандови за посетителите да вкусат од надалеку позантиот специјалитет, а вечерва на мала сцена ќе настапат локални изведувачи.