Македонија
19. September 2025 - 12:35

Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%

Не само департизација на јавната администрација , која ја најави премиерот, ќе се крати и бројот на државните службеници, најави ресорниот министер Минчев.

Според него, со законот за организација и работа на органите на државната управа треба да се скратат дури 40 проценти од администрацијата со што ќе се исполни обрврската која ја поставува ЕУ. Додека се подготвува новиот пакет закони, административците ќе посетуваат обуки за преквалификација и ќе ги слушнат искуствата на словенци и француски државни службеници.

Министерот и францускиот амбасадор Ле Риголер потпишаа меморандум со кој преку обуки ќе бидат пренесени нивните практики, на повеќе од 1000 административци.