Македонија
19. September 2025 - 16:27

МЖСПП ги објави резултатите за загадувањето на воздухот во Трубарево

Иако најавен, се уште не е е готов извештајот на лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев за загадувањто на воздухот во Трубарево во саботата кога изгоре Фабрика за рециклирање електронски отпад. 

Министерот за животна средина најавува дека извештајот ќе го добијат денеска и дека денеска ќе го објават. Но стапивме во контакт со лабораторијата, од каде ни кажаа дека податоците се уште се анализираат и оти им е потребно повеќе време пред резултатите да ги испратат до Државниот инспекторат за животна средина.

- Веќе се готови и до крајот на денот ќе бидете известени, има покачување, ќе бидат за некој саат резултатите објавени.

Инсепкторите три пати биле во контрола, кога се случи пожарпт веднаш отишле и сите информации се до органите на прогон. Последнкот збор ќе ја каже правдата.

Колкаво било загадуваењето? - за кратко ќе бидете информирани, рече Меџити.

По најавите од премиерот Мицкоски дека со законски измени – потпалување на пожари ќе се смета за тероризам, собранискиот спикер вели, таков предлог во Собранието се уште нема пристигнато.

- Kога ќе имамe предлог закон како за тероризам, ќе свикаме седница, досњга нема такво нешто доставено, кога би дошло. Не коментирам, сакам да сум рамноправен, одлучува мнозинството, вели Гаши.

Јавното обвинителство ја заврши предистрагата за четворицата осомничени. Но засега нема одговор од истражните органи на прашањата – Што покажало вештачењето? Дали и дефинитивно станува збор за подметнат пожар. 

Судот прифати 30-дневен притвор за првоосомничениот и куќен притвор за другите тројца. Станува збор за лица кои се јавувале како сопственици и управители на компании поврзани со отпадот кој изгоре, но и еден вработен. Во соопштението на ОЈО се вели дека отпадот бил непрописно складиран. 

Иако јавноста се уште ги чека мерењата на штипскиот универзитет, Јавното обвинителство вели дека согорувањето за време на пожарот „предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух“, а мерењата на кои тие имале увид утврдиле висока загаденост. 

Истражителите испитуваат и потенцијална одговорност на други лица, но засега други осомничени нема.