Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата

Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена.
- Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по завршувањето на топлотниот бран.
Температурите во Франција и понатаму остануваат необично високи. Осум департмани во западниот дел на земјата прогласија портокалов код за опасно топло време, што е без преседан за месец мај.
„Попладнево максималните температури ќе достигнат од 33 до 36 степени во департманите каде што е прогласен портокалов код за опасно топло време. На ниво на цела Франција, овој ден се очекува да биде уште потопол од вчерашниот“, предупреди денеска француската метеоролошка служба.
МИА
Ново на Сител
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
