Преглед на вестите од светот
По 10 месеци пауза, нова средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Лавров и американскиот државен секретар Рубио.. Состанокот кој траел половина час се одржа за време на самитот во Манила, а разговорите биле фоусирани на војната во Украина..
По одржување на средбата, во Русија нема оптимизам за мировниот договор со Украина..
Во меѓувреме, Европската унија усвои нов пакет санкции против Русија со мерки против финансискиот и енергетскиот сектор и забрана за влез на руски војници во Европа..
Американската војска ја продолжи серијата напади врз Иран, гаѓајќи воена инфраструктура, соопшти регионалната команда.. Според нив, целта е дополнително да се ослаби способноста на Техеран да им се заканува на цивилните и трговски бродови во регионот..
Иранските медиуми јавуваат дека биле погодени цели во близина на неколку градови во западниот дел на земјата, а во напад кај границата со Ирак, загинале две лица. Во Техеран повторно бил активиран воздушниот аларм.
Во меѓувреме, ескалира и реториката.. Американскиот претседател Трамп најави можни напади врз цивилна инфраструктура доколку Иран продолжи со закани во Ормускиот теснец. Од Техеран возратија дека ќе следува, како што велат, „око за око“ одмазда..
Светската банка предупредува дека ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран би можела да го намали глобалниот економски раст на само 1,3 проценти оваа година, со зголемување на инфлацијата и каматните стапки..
Продолжениот конфликт и оштетувањето на нафтената инфраструктура на Блискиот исток, би го нарушиле транспортот на ѓубрива, хелиум и сулфур кои се клучни влезни точки земјоделството, влошувајќи ја несигурноста на храната и предизвикувајќи верижна реакција.
Во својот јунски извештај за глобалните економски перспективи, Светската банка предвиде дека глобалниот раст годинава ќе забави од 2,9 на 2,5 отсто, а продолжениот конфликт меѓу САД и Иран, веќе проектира дополнителен пад..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
