Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез по средбата со градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, изјави дека ќе нареди во пресрет на најавените протести в сабота да се распореди поголем број припадници на полицијата во француските градови.
- Ќе распоредиме многу значајни полициски сили, кои во секој случај ќе бидат повеќе отколку минатата сабота - изјави Нуњез, пренесува „Фигаро“.
Одговарајќи на критиките на Пајан, кој ја доведе во прашање природата на наредбите издадени до силите за безбедност минатата сабота во Марсеј, оценувајќи го нивниот број како недоволен и барајќи образложение, Нуњез рече дека нивното делување во иднина ќе се одвива „во движење и со екстремно брза реакција“.
- За време на насилството и грабежите во Марсеј, имаше и до 10 или 15 жаришта истовремено, со групи од понекогаш 200 луѓе, така што тоа очигледно е исклучително тешко да се совлада - рече Нуњез.
Надлежните служби соопштија дека во Марсеј, вториот по големина град во Франција, 500 продавници се нашле на удар на демонстрантите, а 317 од нив претрпеле штета или биле ограбени.
По насилните немири што се случија во саботата во Марсеј, силите за безбедност уапсија 101 лице, меѓу кои 74 полнолетни и 27 малолетни лица, соопшти обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
