Loading Video...
Фудбал
27. March 2022 - 18:10

Фудбалерите отпатуваа за Португалија која е последната пречка за пласман на Мундијалот

Победата над Италија е веќе минато. Најдобрите македонски фудбалери попладнево отпатуваа за Порто каде во вторник против Португалија ќе бркаат  историски успех и пласман на СП во Катар. 
 
Во позитивна атмосвера и со видно изразена самодоверба црвено-жолтите заминаа за Португалија. 
 
Свесни дека ги очекува нов тежок предизвик нашите фудбалери сепак со право веруваат дека и оваа пречка како и претходната е премостлива.
 
„Секако е дека емоциите за Италија се завршени. Сега цел поглед ни е кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека чека еден многу тежок меч, со многу притисок и на наша и на нивна страна. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без никакви шанси во финалето“, изјави дефанзивецот Муслиу.
 
За разлика од мечот со Азурите, нашата селекција сега ќе биде посилна за Елмас и Костадинов кој дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата, а воедно и опциите на Милевски за мечот во Порто, на кој домаќинот повторно ќе ја има улогата на фаворит, но, оваа шанса нашите репрезентативци не сакаат да ја пропуштат
 
 
„Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудлив за сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар. Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи Португалија индивидуално сметам е поквалитетна. Би сакал, но знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал“, изјави Елмас кој го пропушти дуелот со Италија, но против Португалците се очпекува да биде лидер на тимот.
 
Црвено-жолтите утревечер ќе го одработат и единствениот тренинг на стадионот „Драгао“ каде во вторик од 20:45 часот ќе ги играат финалниот меч против Португалците