Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
-

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз јужен Либан
-

Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
-

Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна
-

Британски медиуми: Засилени притисоци за оставка на премиерот Кир Стармер
-

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка

