Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари
Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените