Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини

