Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони

