Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
-

ФБИ и МВР во акција во Голема Речица: Откриен нелегален онлајн пазар вреден 500.000 долари
-

Приведен 26-годишен дрвокрадец од скопско | ФОТО
-

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
-

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев
-

Информативна сесија за примената на Законот за работно ангажирање на лица
-

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за СП 2026
-

Претседателот на Швајцарија во дводневна посета на Србија

