Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид
-

Американските градови домаќини на СП 2026 ги бараат ветените исплати од ФИФА
-

Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
-

Уапсено едно лице во Скопје, при преглед пронајдени 25 пакувања марихуана
-

Трамп: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо, или Иран ќе биде силно погоден
-

Двајца Косовари со „голф“ во Скопје превезувале 230.000 фалсификувани евра | ВИДЕО
-

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
-

Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат

