Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гoцe Делчeв
-

Амбасадорот Сулстром неделава ќе ги посети поголемите градови низ Македонија
-

Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван
-

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер
-

Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз
-

Седници на три собраниски комисии
-

Со исказ не вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

