Македонија
11. December 2015 - 17:11

ФЗОМ: Зголемување на капитацијата за матичните лекари од 10% од 1. јули

Вчера за стоматолозите, денеска повеќе пари од Фондот за здравство најавија и за матичните лекари.  На нив од 1 јули капитацијата ќе биде зголемена од 50 на 55 денари по пациент.

- Бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат 1527 тимови на матични лекари кои што работат во 1085 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година. Или вкупно со стоматолозите бенефит ќе имаат околу 2800 лекари,  изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Зголемувањето на капитацијата за 10 проценти во пракса значи, ако еден матичен има 1000 пациенти ќе добива месечно дополнителни 10.000 денари од државата или вкупно околу 100.000 секој месец.

- Фондот за здравствено осигурување издвојува значителни средства за дејноста општа медицина и за тоа во буџетот за 2015 беа предвидени и ќе бидат исплатени 1 милијарда и 870 милиони денари. Зголемувањето од 5 денари по капитационен поен за Фондот има дополнителна фискална импликација од изнесува 188 милиони денари годишно., изјави Сашо Стефаноски, директор на ФЗОМ.

Здружението на приватни лекари  ја поздрави  одлуката за покачување на капитацијата.

-И со тоа матичните лекари ќе може да го држат чекорот со мсите реформи, да обноват апарати, да можат да ги покачат платите на вработените, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Последното покачување на капитациониот бод кај матичните лекари беше во 2011 година од 45 на 50 денари.