Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус вчера предупреди дека екстремно високите температури претставуваат растечка закана по јавното здравје и има смртоносен потенцијал, бидејќи многу делови од светот се зафатени од топлотен бран.
– Горештините се е една од најсериозните и најбрзо растечките закани по здравјето и безбедноста што ги претставуваат климатските промени. Околу 500.000 луѓе умираат низ целиот свет секоја година од причини поврзани со топлото време, наведе Гебреисус, додавајќи оти можат да се спречат големиот број смртни случаи.
Тој цитираше научна студија, која ги испитуваше глобалните температури и смртните случаи од 2000 до 2019 година. Истражувањето покажа дека се намалуваат смртните случаи поврзани со студ, а се зголемува бројот на починати од екстремно високите температури.
СЗО препорачува заштитните мерки да се фокусираат на ранливите групи – повозрасните луѓе, лицата со хронични здравствени состојби, бремените жени и децата, како и работниците и социјално загрозените популации.
МИА
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
